Лични алати
Пријави се
Трага: Дома II Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ - Заверка на зимски и запишување летен семестар 2014/2015 - Втор циклус - магистерски студии (генерација 2014/15)

СООПШТЕНИЕ - Заверка на зимски и запишување летен семестар 2014/2015 - Втор циклус - магистерски студии (генерација 2014/15)

Објавено 17.02.2015

С О О П Ш Т Е Н И Е

Заверка на зимски и запишување летен семестар 2014/2015

ВТОР циклус - магистерски студии (НОВИ)

генерација 2014/15

 

Доставувањето на комплетните документи за заверка на зимскиот и запишувањето на летниот семес­тар во учебната 2014/2015 го­дина ќе се врши на шалтерите од Службата за студентски прашања од 12:30 до 14:30 часот, во периодот

од 20.II до 25.II 2015 година

 

Online пријавувањето е задолжително.

Во овој рок е отворено и задолжителното online пријавување кое се врши преку информацискиот систем на www.iKnow.ukim.edu.mk.

По овој рок online пријавувањето ќе биде оневозможено и студентите заверката и уписот на семестарот ќе можат да го извршат со молба и надомест за административни трошоци од 500,00 ден.

НАПОМЕНА: Студентите кои електронски ќе се пријават, а нема да достават комплетни документи во Службата за студентски прашања ќе бидат избришани и од електронската евиденција и уписот ќе можат да го извршат со молба и надомест од 500,00 ден.

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Потребни документи:

  1. Индекс (со реализиран потпис за предметите што се слушани во зимскиот семестар)
  2. Образец за заверување семестар А4 пополнет со предметите што се слушале во зимскиот семестар, со уплатница за административна такса од 50,00 денари.
  3. Образец за запишување семестар А3, со уплатница за административна такса од 50,00 денари.
  4. Интерен пријавен лист за запишување предмети (треба да се достави интерниот лист кој ќе се испечати од веќе направениот online избор).
  5. Уплатници со реализирана уплата на рата на жиро-сметка на Факултетот.

Напомена: Двете уплати за административни такси можат да се извршат на една уплатница од 100,00 ден.

Студентите кои пријавувањето ќе го вршат преку iKnow системот, уплатите за административна такса можат да ги извршат и со СМС порака преку мобилен телефон (студентот задолжително сам си го внесува кодот добиен од СМС уплатата на определеното место во iKnow апликацијата).

 

Услови за заверување на семестарот

  1. Зимскиот семестар може да се завери доколку се исполнети академските обврски за сите предмети запишани во дадениот семестар, кое се потврдува со добиен потпис од предметниот наставник во индексот на студентот.
  2. Семестарот може да се завери и без потпис за некои предмети, при што се плаќа вкупен НАДОМЕСТ од 1.000,00 денари на жиро-сметката на Факултетот. Незаверените предмети не може да се полагаат.

 

Дополнителни информации за студентите

  1. Во летниот (десетти) семестар студентите ги запишуваат предметите: Истражувачки проект, изборен предмет од Универзитетската листа на предмети и магистерски труд.
  2. Предметот Истражувачки проект задолжително се запишува кај наставникот под чие менторство студентот ќе го работи магистерскиот труд.
  3. Се препорачува студентите да избираат предмети од Универзитетската листа на изборни предмети од областа на претприемништво и иновации.
  4. Студентите може да изберат и било кој друг предмет со најмалку 4 ЕКТС кредити од Универзитетската листа на слободни предмети. Ако студентот избере предмет со повеќе од 4 ЕКТС кредити, за запишаните дополнителни кредити се доплаќа сума со вредност од 25 евра по кредит (во денарска противвреднот).
  5. Темата на магистерскиот труд задолжително треба да се пријави во текот на летниот (десетти) семестар (до 14 септември). Услов за пријавување на магистерската тема се освоени 18 ЕКТС кредити.

 

НАПОМЕНИ:

  • За задоцнета заверка и упис на семестар студентите плаќаат по 500,00 денари административен трошок на факултетската жиро с-ка.

Скопје, 17.02.2015 година

Студентска служба при ФЕИТ