СООПШТЕНИЕ - Заверка на зимски и запишување летен семестар 2014/2015 - Втор циклус - магистерски студии (генерации 2008-2012)
Објавено 17.02.2015
С О О П Ш Т Е Н И Е
Заверка на зимски и запишување летен семестар 2014/2015
ВТОР циклус - магистерски студии
(генерации 2008 - 2012)
Доставувањето на комплетните документи за заверка на зимскиот и запишувањето на летниот семестар во учебната 2014/2015 година ќе се врши на шалтерите од Службата за студентски прашања од 12:30 до 14:30 часот, во периодот
од 19.II до 25.II 2015 година
Потребни документи:
- ИНДЕКС
- ЗАВЕРКА:(за студенти кои запишале предмети слушани во зимскиот семестар):
- Реализиран потпис за предметите што се слушани во зимскиот семестар
- Образец за заверување семестар А4 пополнет со предметите што се слушале во зимскиот семестар со уплатница за административна такса од 50,00 денари.
- ЗАПИШУВАЊЕ на летен семестар:
- Образец за запишување семестар А3 со уплатница за административна такса од 50,00 ден. и уплатница од 500,00 ден. на сметката на ФЕИТ (за празен семестар)
- Интерен пријавен лист
(за студенти кои запишуваат/презапишуваат предмет) со соодветна Уплатница на факултетската жиро с-ка (уплатата е во вредност на кредитите што ги носат предметите кои се преслушуваат според студиската програма, цена на чинење на 1кредит = 1/60 од вредноста на студиската програма)
НАПОМЕНИ:
- Празен семестар НЕ се заверува.
- За задоцнета заверка и упис на семестар студентите плаќаат по 500,00 денари административен трошок на факултетската жиро с-ка.
- Уплатите за административните такси може да се извршат на една уплатница од 100,00 денари.
Скопје, 17.02.2015 година
Студентска служба при ФЕИТ