СООПШТЕНИЕ-Заверка на зимски и запишување летен семестар 2013/2014 - магистерски студии (генерациjа 2012/13)
СООПШТЕНИЕ
Заверка на зимски и запишување летен семестар 2013/2014
ВТОР циклус - магистерски студии
(генерациjа 2012/13)
Доставувањето на комплетните документи за заверка на зимскиот и запишувањето на летниот семестар во учебната 2013/2014 година ќе се врши на шалтерите од Службата за студентски прашања од 12:30 до 15:00 часот, во периодот
од 27.II до 05.III 2014 година
Потребни документи:
- ИНДЕКС
- ЗАВЕРКА:(за студенти кои запишале предмети слушани во зимскиот семестар):
- Реализиран потпис за предметите што се слушани во зимскиот семестар
- Образец за заверување семестар А4 пополнет со предметите што се слушале во зимскиот семестар со уплатница за административна такса од 50,00 денари.
- ЗАПИШУВАЊЕ на летен семестар:
- Образец за запишување семестар А3 со уплатница за административна такса од 50,00 ден.
- Интерен пријавен лист
- соодветна Уплатница (уплатата е во вредност на кредитите што ги носат предметите кои се преслушуваат според студиската програма
цена на чинење на 1кредит = 1/60 од вредноста на студиската програма)
- Уплатница за целосно реализирани финансиски обврски (последна рата)
за студенти кои запишуваат/презапишуваат предмет (односно заклучно со јануарско/февруарскиот испитен рок не ги положиле предметите што ги слушаа во летниот семестар од учебната 2012/13 година)
Дополнително (за студентите од генерацијата 2012 втор рок):
НАПОМЕНИ:
- Празен семестар НЕ се заверува.
- За задоцнета заверка и упис на семестар студентите плаќаат по 500,00 денари административен трошок на факултетската жиро с-ка.
- Уплатите за административните такси може да се извршат на една уплатница од 100,00 денари.
Скопје, 10.II.2014 година
Студентска служба при ФЕИТ