Лични алати
Пријави се
Трага: Дома II Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ - Заверка на летен семестар 2014/2015 - Втор циклус - магистерски студии

СООПШТЕНИЕ - Заверка на летен семестар 2014/2015 - Втор циклус - магистерски студии

Објавено 20.05.2015

Заверка на летен семестар (генерации од 2008 до 2012)

 

Заверка на летен семестар во учебната 2014/2015 за студентите од II циклус студии – магистерски студии ќе се врши од 12:30 до 14:30 ч на шалтерите на Студентска служба:

од 09.06. до 11.06. 2015 (генерации од 2008 до 2012)

 

Потребни документи за студенти кои заверуваат семестар (слушале предмет во летниот семестар 2014/2015):

  1. Индекс (со реализиран потпис за предметите што се слушани во летниот семестар, доколку има такви)
  2. Образец A4 за заверување на семестар со уплатница од 50,00 ден. за административна такса

 

Заверка на летен семестар (генерации 2013 и 2014) – iKnow

 

Заверка на летен семестар во учебната 2014/2015 за студентите од II циклус студии – магистерски студии ќе се врши од 12:30 до 14:30 ч на шалтерите на Студентска служба:

од 09.06. до 11.06.2015 (генерации 2013 и 2014 )

 

Потребни документи:

  1. Индекс (со реализиран потпис за предметите што се слушани во летниот семестар)
  2. Образец A4 за заверување на семестар (предмети) со уплатница од 50,00 ден. за административна такса
  3. Уплатница за реализирана финална рата.

*** Кој нема подмирено: Уплатница за еквивалентирани предмети (300 ден по предмет), уплата за дополнителни кредити (25 ЕУР /денарски еквивалент по кредит).

НАПОМЕНИ:

  • Празен семестар само се запишува, не треба да се заверува

** За задоцнета заверка и упис на семестар студентите плаќаат по 500,00 денари административен трошок на факултетската жиро с-ка.

Скопје, 20.05.2015 година

Студентска служба при ФЕИТ