СООПШТЕНИЕ - Заверка на летен семестар 2013/2014 - магистерски студии
Заверка на летен семестар (генерации 2008 до 2012)
Заверка на летен семестар во учебната 2013/2014 за студентите од II циклус на студии – магистерски студии ќе се врши од 12:30 до 15:00 ч на шалтерите на Студентска служба:
05. VI. до 10. VI. 2014 (генерации 2008 до 2012)
Потребни документи за студенти кои заверуваат семестар (слушале предмет во летниот семестар 2013/2014):
- Индекс (со реализиран потпис за предметите што се слушани во летниот семестар, доколку има такви)
- Образец A4 за заверување на семестар со уплатница од 50,00 ден. за административна такса
Заверка на летен семестар (генерација 2013/2014) – iKnow
Заверка на летен семестар во учебната 2013/2014 за студентите од II циклус на студии – магистерски студии ќе се врши од 12:30 до 15:00 ч на шалтерите на Студентска служба:
05. VI. до 12 VI. 2014 (генерација 2013/2014)
Потребни документи:
- Индекс (со реализиран потпис за предметите што се слушани во летниот семестар)
- Образец A4 за заверување на семестар (предмети) со уплатница од 50,00 ден. за административна такса
- Уплатница за реализирана четврта рата (втора рата за студентите од вториот уписен рок).
*** Кој нема подмирено: Уплатница за еквивалентирани предмети (300 ден по предмет), уплата за дополнителни кредити (25 ЕУР /денарски еквивалент по кредит).
НАПОМЕНИ:
- Празен семестар само се запишува, не треба да се заверува ?!
** За задоцнета заверка и упис на семестар студентите плаќаат по 500,00 денари административен трошок на факултетската жиро с-ка.
Скопје, 02.VI.2014 година
Студентска служба при ФЕИТ