СООПШТЕНИЕ за запишување зимски семестар во учебната 2016/2017 година (студенти запишани од 2008 до 2012 година)
СООПШТЕНИЕ
Запишување зимски семестар во учебната 2016/2017 година
ВТОР циклус - магистерски студии (За студенти запишани од 2008 до 2012 година)
Уписот на зимскиот семестар во учебната 2016/2017 за студентите од II циклус на студии – магистерски студии (студенти запишани во 2008 до 2012 година) ќе се врши
од 18.10 до 19.10.2016 година
од 12:30 до 14:30 ч на шалтерите на Студентска служба.
По наведениот рок запишувањето ќе се врши со надомест од 500,00 ден.
Потребни документи за запишување на зимскиот семетар
За СИТЕ студенти на втор циклус:
- Индекс
- Образец за запишување семестар (образец А3) со 50,00 ден. административна такса;
За студенти кои не преслушуваат предмети (празен семестар)
3. Уплатница од 500 ден, на сметката на ФЕИТ
За студенти кои преслушуваат предмет (односно заклучно со август/септем. испитен рок не ги положиле предметите од зимскиот семестар):
3. Уплатница (во вредност на кредитите што ги носат предметите кои се преслушуваат според студиската програма, цена на чинење на 1кредит = 1/60 од вредноста на студиската програма)
НАПОМЕНИ:
- Студентите запишани во учебните 2008/09, 2009/10, 2010/11 и 2011/12 треба да пријават нова тема за магистерски труд и да доплатат 500ЕУР.
- Студентите запишани во учебните 2012/13 година кои не пријавиле магистерски труд треба да уплатат административен надоместок од 3000 ден на сметката на ФЕИТ).
- За задоцнета заверка и упис на семестар студентите плаќаат по 500,00 ден. казна на факултетската жиро с-ка. ПРАЗАЕН семестар НЕ СЕ ЗАВЕРУВА!
Скопје, 14.10.2015 година
Студентска служба при ФЕИТ