СООПШТЕНИЕ за запишување зимски семестар во учебната 2015/2016 година (за студенти од генерација 2014/15)
СООПШТЕНИЕ
Запишување зимски семестар 2015/2016
ВТОР циклус - магистерски студии - генерација 2014/15
Доставување на комплетните документи за запишување на зимскиот семестар во учебната 2015/2016 година ќе се врши на шалтерите од Службата за студентски прашања од 12:30 до 14:30 часот, во периодот
од 13.X до 15.X 2015 година
Online пријавувањето е задолжително. Во овој рок е отворено и задолжителното online пријавување кое се врши преку информацискиот систем на www.iKnow.ukim.mk
По овој рок online пријавувањето ќе биде оневозможено и студентите заверката и уписот на семестарот ќе можат да го извршат со молба и надомест за административни трошоци од 500,00 ден.
НАПОМЕНА: Студентите кои електронски ќе се пријават, а нема да достават комплетни документи во Службата за студентски прашања ќе бидат избришани и од електронската евиденција и уписот ќе можат да го извршат со молба и надомест од 500,00 ден.
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Потребни документи:
- Индекс
- Образец за запишување семестар А3, со уплатница за административна такса од 50,00 денари (Уплатата за административна такса може да се реализира со уплатница или со СМС порака преку мобилен телефон, при што бројот добиен од СМС уплатата, студентот задолжително сам го внесува во iKnow системот.)
-
Студенти кои презапишуваат предмет/и (односно заклучно со август/септем. испитен рок не ги положиле предметите од зимскиот семестар):
Интерен пријавен лист за запишување предмети (испечатен од веќе направениот online избор).
Уплатница на ФЕИТ (во вредност на кредитите што ги носат предметите 1кредит = 25ЕУР среден курс на НБМ)
- Студенти кои не преслушуваат предмети запишуваат празен семестар.
- Уплатници со реализирана уплата на последна рата на жиро-сметка на Факултетот.
Дополнителни информации
Крајниот рок за пријавување на тема за магистерски труд е јануари 2016 г. (изминати 3 семестри на студии). По овој рок се доплаќаат 500 ЕУР при пријавување на тема. Услов за пријавување на магистерската тема се освоени 18 ЕКТС кредити.
НАПОМЕНИ:
1. За задоцнета заверка и упис на семестар студентите плаќаат по 500,00 денари административен трошок на факултетската жиро с-ка.
Скопје, 28.IX.2015 година
Студентска служба при ФЕИТ