Лични алати
Пријави се
Трага: Дома II Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ за запишување зимски семестар во учебната 2015/2016 година (за студенти од генерација 2013/14, рок 1 и 2)

СООПШТЕНИЕ за запишување зимски семестар во учебната 2015/2016 година (за студенти од генерација 2013/14, рок 1 и 2)

Објавено 29.09.2015

СООПШТЕНИЕ

Запишување зимски семестар во учебната 2015/2016 година

ВТОР циклус - магистерски студии - генерација 2013/14 рок 1 и 2

 

Доставување на комплетните документи за запишување на зимскиот семес­тар во учебната 2015/2016 го­дина ќе се врши на шалтерите од Службата за студентски прашања од 12:30 до 14:30 часот, во периодот

од 5.X до 7.X 2015 година

 

Online пријавувањето е задолжително. Во овој рок е отворено и задолжителното online пријавување кое се врши преку информацискиот систем на www.iKnow.ukim.mk

По овој рок online пријавувањето ќе биде оневозможено и студентите заверката и уписот на семестарот ќе можат да го извршат со молба и надомест за административни трошоци од 500,00 ден.

 

НАПОМЕНА: Студентите кои електронски ќе се пријават, а нема да достават комплетни документи во Службата за студентски прашања ќе бидат избришани и од електронската евиденција и уписот ќе можат да го извршат со молба и надомест од 500,00 ден.

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Потребни документи:

  1. Индекс
  2. Образец за запишување семестар А3, со уплатница за административна такса од 50,00 денари.
  3. Студенти кои презапишуваат предмет/и (односно заклучно со  август/септем.  испитен рок не ги положиле предметите од зимскиот семестар):
  4. Интерен пријавен лист за запишување предмети (испечатен од веќе направениот online избор).

    Уплатница на ФЕИТ (во вредност на кредитите што ги носат предметите  1кредит = 25ЕУР среден курс на НБМ)

  5. Студенти кои не преслушуваат предмети запишуваат празен семестар. За студирање подолго од 2 години (генерација 2013 прв рок) се уплаќа 500 ден за празен семестар на сметката на ФЕИТ

 

Дополнителни информации за студентите од ВТОРИОТ уписен рок во учебната 2013/2014 година (јануари 2014)

  1. Крајниот рок за пријавување на тема за магистерски труд е  септември 2015 г. (изминати 3 семестри на студии). По овој рок се доплаќаат 500 ЕУР при пријавување на тема. Услов за пријавување на магистерската тема се освоени 18 ЕКТС кредити.

НАПОМЕНИ:

  1. За задоцнета заверка и упис на семестар студентите плаќаат по 500,00 денари административен трошок на факултетската жиро с-ка.

Скопје, 29.IX.2015 година

Студентска служба при ФЕИТ