Лични алати
Пријави се
Трага: Дома II Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ за запишување зимски семестар во учебната 2014/2015 година (за студенти од генерација 2013/14)

СООПШТЕНИЕ за запишување зимски семестар во учебната 2014/2015 година (за студенти од генерација 2013/14)

СООПШТЕНИЕ

Запишување зимски семестар 2014/2015

ВТОР циклус  - магистерски студии генерација 2013/14

 

Доставување на комплетните документи за запишување на зимскиот семес­тар во учебната 2014/2015 година ќе се врши на шалтерите од Службата за студентски прашања од 12:30 до 14:30 часот, во периодот

од 28.X до 30. X 2014 година

 

Online пријавувањето е задолжително. Во овој рок е отворено и задолжителното online пријавување кое се врши преку информацискиот систем на iKnow.ukim.edu.mk.

По овој рок online пријавувањето ќе биде оневозможено и студентите заверката и уписот на семестарот ќе можат да го извршат со молба и надомест за административни трошоци од 500,00 ден.

НАПОМЕНА: Студентите кои електронски ќе се пријават, а нема да достават комплетни документи во Службата за студентски прашања ќе бидат избришани и од електронската евиденција и уписот ќе можат да го извршат со молба и надомест од 500,00 ден.

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Потребни документи:

  1. Индекс
  2. Образец за запишување семестар А3, со уплатница за административна такса од 50,00 денари.
  3. Интерен пријавен лист за запишување предмети (треба да се достави интерниот лист кој ќе се испечати од веќе направениот online избор).
  4. Уплатници со реализирана уплата на рата на жиро-сметка на Факултетот.

 

Дополнителни информации за студентите од првиот уписен рок

  • Неположените предмети од зимскиот семестар заклучно со септемврискиот испитен рок треба да се презапишат.
  • За презапишани предмети се уплатува денарска противвредност на кредитите (вредност на еден кредит е 25 евра).

 

Дополнителни информации за студентите од вториот уписен рок

Во зимскиот (десетти) семестар студентите ги запишуваат предметите: Истражувачки проект, изборен предмет од Универзитетската листа на предмети и магистерски труд.

  1. Предметот Истражувачки проект задолжително се запишува кај наставникот под чие менторство студентот ќе го работи магистерскиот труд.
  2. Се препорачува студентите да избираат предмети од Универзитетската листа на изборни предмети од областа на претприемништво и иновации.
  3. Студентите може да изберат било кој друг предмет со најмалку 4 ЕКТС кредити од Универзитетската листа на слободни предмети.

    Ако студентот избере предмет со повеќе од 4 ЕКТС кредити,  за запишаните дополнителни кредити се доплаќа сума со вредност од 25 евра по кредит (во денарска противвредност).

  4. Темата на магистерскиот труд пожелно е да се пријави во текот на зимскиот (десетти) семестар (до 14 февруари). Услов за пријавување на магистерската тема се освоени 18 ЕКТС кредити.

 

НАПОМЕНИ:

За задоцнета заверка и упис на семестар студентите плаќаат по 500,00 денари административен трошок на факултетската жиро с-ка.

Скопје,  21.X.2014 година

Студентска служба при ФЕИТ