Лични алати
Пријави се
Трага: Дома II Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ за запишување зимски семестар во учебната 2014/2015 година (студенти запишани во 2008 до 2012 година)

СООПШТЕНИЕ за запишување зимски семестар во учебната 2014/2015 година (студенти запишани во 2008 до 2012 година)

СООПШТЕНИЕ

Запишување зимски семестар во учебната 2014/2015 година

(За студенти запишани од 2008 до 2012 година)

 

Уписот на зимскиот семестар во учебната 2014/2015 за студентите од II циклус студии – магистерски студии (студенти запишани од 2008 до 2012 година) ќе се врши

од 06.10 до 08.10 2014 година

од 12:30 до 14:30 часот на шалтерите на Студентска служба.

По наведениот рок запишувањето ќе се врши со надомест од 500,00 ден.

 

Потребни документи за запишување на зимскиот семетар:


За СИТЕ студенти на втор циклус:

    1. Индекс
    2. Образец за запишување семестар (образец А3) со 50,00 ден. административна такса;

За студенти кои не преслушуваат предмети (празен семестар):

3. Уплатница од 500 ден, на сметката на ФЕИТ

За студенти кои преслушуваат предмет (односно заклучно со  август/септем.  испитен рок не ги положиле предметите од зимскиот семестар):

3. Уплатница (во вредност на кредитите што ги носат предметите кои се преслушуваат според студиската програма

цена на чинење на 1кредит = 1/60 од вредноста на студиската програма)

НАПОМЕНИ:

  1. Студентите запишани во учебните 2008/09 заклучно со 2012/13 година кои не пријавиле магистерски труд треба да уплатат административен надоместок од 3000 ден на сметката на ФЕИТ).
  2. За задоцнета заверка и упис на семестар студентите плаќаат по 500,00 ден. казна на факултетската жиро сметка. ПРАЗАЕН семестар НЕ СЕ ЗАВЕРУВА.

Скопје,  29.09.2014 година

Студентска служба при ФЕИТ