Лични алати
Пријави се
Трага: Дома II Циклус Тековни соопштенија за студентите Соопштение за најава на порталот за е-курсеви

Соопштение за најава на порталот за е-курсеви

Обновено 15.11.2018

e-kursevi.jpg

 

Почитувани колеги,

Ве известуваме дека за новите студенти на ФЕИТ запишани на II циклус студии ви се креирани електронските адреси на студентски сервер за електронска пошта и корисничка сметка на порталот за електронско учење:

http://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk

До серверот за електронска пошта може да се пристапи преку веб-адресата:

https://smail.feit.ukim.edu.mk/

Електронските адреси се во форма <studiska_nasoka><broj_indeks>@feit.ukim.edu.mk, кај што <broj_indeks> е бројот на индексот без косата црта (на пример, студент запишан на насоката „Автоматика, роботика и системско инженерство“ со број на индекс 23/2018m би имал адреса arsi232018m@feit.ukim.edu.mk). Иницијалната лозинка е поставена да биде матичниот број на студентот, а студентите ќе можат да ја сменат преку веб-интерфејсот. Количината на меморија дoделeна на секој корисник изнесува 1GB(еден гигабајт).

За најавување на порталот за електронско учење http://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk ќе се користат студентските факултетски електронски адреси со соодветните лозинки.

Оние студенти што го користеле порталот, додека биле на додипломски стидии на ФЕИТ, можат да се најават со старото корисничко име и лозинка.

Дополнителни информации за користење на порталот ќе добиете од вашите наставници/асистенти.

Доколку наидете на проблеми контактирајте нa: e-admin@feit.ukim.edu.mk