Лични алати
Пријави се
Трага: Дома II Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ - Промоција на дипломирани и магистрирани студенти 2014

СООПШТЕНИЕ - Промоција на дипломирани и магистрирани студенти 2014

СООПШТЕНИЕ

Промоција на дипломирани и магистрирани студенти 2014

 

Промоцијата на студентите кои дипломирале и магистрирале во изминатата година ќе се одржи на 18.6.2014 година (среда) во попладневните часови, во новиот објект на Македонскиот народен театар во Скопје.

Точното време на одржување на промоцијата ќе биде објавено на веб страницата на Факултетот, како и во поканите испратени по пошта.

Списокот на дипломираните и магистрираните кои ќе бидат промовирани на годинешната промоција може да се види во прилог (Списоци).

Врз основа на чл. 116 став 7 од Законот за високото образование и член 9 од Правилникот за содржината и формата на дипломата и додатокот на дипломата за завршен прв, втор и трет циклус студии, на студентите запишани во 2009 година и подоцна, по дипломирањето, покрај дипломата, задолжително, им се издава и додаток на диплома со форма и содржина дефинирани во наведениот Правилник.

Заради ефикасност во изработката на додатокот на диплома, анкетата и уплатата од 650,00 ден. да бидат регулирани најдоцна до 9.6.2014 година. Дипломираните и магистрираните студенти кои нема да го сторат ова до наведениот датум, нема да добијат диплома.

Скопје, 5.6.2014 год.

Од Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје