СООПШТЕНИЕ - Пријавување на испити од втор циклус студии (нови студиски програми) за јунската испитна сесија 2016 година
С О О П Ш Т Е Н И Е
Пријавување испити – НОВИ студиски програми – iKnow
Пријавувањето испити од втор циклус студии за студентите запишани на НОВИТЕ студиски програми (генерации 2013-2015) за јунската испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, стриктно во периодот
од 25.05 до 3.06.2016 год.,
следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5.
За сите пријавени испити, студентите задолжително треба да достават и уредно пополнети пријави (со 50ден такса) до предметните наставници на самиот испит. Во пријавата задолжително се внесуваат податоците за студентот, називот на предметот, предметниот наставник, студиската програма и серискиот број добиен од iKnow системот. За уплати на такса преку СМС порака да се наведе кодот на уплата и ДА СЕ ВНЕСЕ во iKNOW системот кај пријавата.
По овој рок студентите може да пријават испит во Службата за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. за секоја задоцнета пријава најдоцна до два дена пред одржување на испитот.
Скопје, 25.05.2016 година
ОД СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА