Лични алати
Пријави се
Трага: Дома II Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ - Пријавување на испити од втор циклус студии (нови студиски програми) за јануарскa испитна сесија 2018/2019 година

СООПШТЕНИЕ - Пријавување на испити од втор циклус студии (нови студиски програми) за јануарскa испитна сесија 2018/2019 година

Објавено на 4.1.2019

С  О  О  П  Ш  Т  Е  Н  И  Е

Пријавување испити – iKnow систем

 

Пријавувањето на испити од втор циклус студии за јануарскaта испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, во периодот

од 08.1 до 15.1.2019 год.,

 

следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5.

За сите пријавени испити, студентите задолжително треба да достават и уредно пополнети пријави до предметните наставници на самиот испит. Во пријавата  задолжително се внесуваат податоците за студентот, називот на предметот, предметниот наставник, студиската програма и серискиот број добиен од iKnow системот. КОДОТ ЗА УПЛАТЕНА ТАКСА преку СМС порака ДА СЕ ВНЕСЕ КАЈ СЕКОЈА ПРИЈАВА ВО iKnow!! (ПРИЧЕКАЈТЕ ДА ВИ СЕ ПОТВРДИ УСПЕШНА НАПЛАТА!!!)

По овој рок студентите може да пријават испит во Службата за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. за секоја задоцнета пријава најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

Скопје, 4.1.2019 година

ОД СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА