Лични алати
Пријави се
Трага: Дома II Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ - Пријавување на испити од втор циклус студии (магистерски студии - нови студиски програми) за зимски испитен рок 2014/2015 година

СООПШТЕНИЕ - Пријавување на испити од втор циклус студии (магистерски студии - нови студиски програми) за зимски испитен рок 2014/2015 година

Објавено 15.01.2015

С О О П Ш Т Е Н И Е

Пријавување испити – НОВИ студиски програми – iKnow

 

Пријавувањето испити од втор циклус студии за студентите запишани на НОВИТЕ студиски програми (генерации 2013/2014 и 2014/2015) за зимски испитен рок (јануарскa испитна сесија) ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, стриктно во периодот од 20.01 до 27.01.2015 год., следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5.

За сите пријавени испити, студентите задолжително треба да достават и уредно пополнети пријави до предметните наставници на самиот испит. Во пријавата  задолжително се внесуваат податоците за студентот, називот на предметот, предметниот наставник, студиската програма и серискиот број добиен од iKnow системот.

По овој рок студентите може да пријават испит во Службата за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. за секоја задоцнета пријава најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

Скопје, 15.01.2015 година

ОД СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА