СООПШТЕНИЕ - Пријавување испити од втор циклус студии за јунска испитна сесија 2014 година
Пријавување испити – НОВИ студиски програми од 2013 – iKnow
Пријавувањето испити од втор циклус студии за студентите запишани на НОВИТЕ студиски програми (запишани во двата рока од генерацијата 2013/2014) за јунската испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, стриктно во периодот
од 04.06 до 10.06.2014 год.,
следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5.
За сите пријавени испити, студентите задолжително треба да достават и уредно пополнети пријави до предметните наставници на самиот испит. Во пријавата задолжително се внесуваат податоците за студентот, називот на предметот, предметниот наставник, студиската програма и серискиот број добиен од iKnow системот.
По овој рок студентите може да пријават испит во Службата за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. за секоја задоцнета пријава најдоцна до два дена пред одржување на испитот.
Пријавување испити - ЕКТС генерации - 2008-2012
Пријавување испити за ЈУНСКАТА испитна сесија за студентите од втор циклус на студии (магистерски студии) од генерациите 2008 до 2012 год. ќе се врши
од 04.06.2014 до 11.06.2014 год.
Пријавувањето е во сандачињата пред Службата за студентски прашања означени според бројот на студиската програма.
За пријавување на испит потребна е пријава (Образец А5) со захефтана уплата од 50,оо ден. за административна такса (уплатницата да се захефта на местото обележано за таксена марка).
По овој рок студентите може да пријават испит со надомест од 400,00 ден.
Скопје, 02.06.2014 година
Служба за студентски прашања при ФЕИТ