Лични алати
Пријави се
Трага: Дома II Циклус Тековни соопштенија за студентите Соопштение - Пријавување на испити од втор циклус студии за септемвриска испитна сесија 2017 година

Соопштение - Пријавување на испити од втор циклус студии за септемвриска испитна сесија 2017 година

Објавено на 23.08.2017 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

Пријавување на испити од втор циклус студии

 

Пријавувањето на испити од втор циклус студии за септемвриската испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот,  во периодот

од 5.9 до 14.9.2017 година,

 

следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5.

За сите пријавени испити, студентите задолжително треба да достават и уредно пополнети пријави (со 50 ден.административна такса) до предметните наставници на самиот испит. Во пријавата задолжително се внесуваат податоците за студентот, називот на предметот, предметниот наставник, студиската програма и серискиот број добиен од iKnow системот. За уплати на такса преку СМС порака да се наведе кодот на уплата и ДА СЕ ВНЕСЕ во iKNOW системот кај пријавата.

По овој рок студентите може да пријават испит во Службата за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. за секоја задоцнета пријава најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

 

Скопје, 23.8.2017 година

ОД СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА