Лични алати
Пријави се
Трага: Дома II Циклус Тековни соопштенија за студентите Студирање во Франција на магистерски и докторски студии

Студирање во Франција на магистерски и докторски студии

Рок за аплицирање до 10.5.2019

Конкурс за стипендии на француската влада за студии во Франција 2019/2020

 

1200pxFlag_of_France.svg.png

 

Конкурсот е отворен за кандидати кои се заинтересирани да следат студии во Франција, на ниво Мастер или Докторат.

Стипендијата ги покрива животните, како и трошоците за школарина во Франција (во рамките на тоа што е предвидено според важечката регулатива), во период од максимум 9 месеци. Статусот стипендист на француска влада им овозможува и други предности на стипендистите.

Процедура за барање на стипендија

Услови кои треба да ги исполнува кандидатот :

  • да има македонско државјанство
  • да биде на возраст од максимум 30 години за ниво Мастер
  • да биде на возраст од максимум 35 години за ниво Докторат
  • препорачано е да има познавање на француски јазик ниво Б2

*Приоритет ќе им биде даден на студиите на француски јазик.

Сепак, како исклучителен случај можат да бидат разгледани барања за специфични програми на англиски јазик (на високите школи, специјализираните школи за технички науки итн), на студенти кои имаат високи академски достигнувања и ќе покажат издржаност и оправданост на својот проект за студии во Франција и професионална кариера.

Потребни документи за пријавување :

  • Пополнет формулар за барање за стипендија ;
  • Фотокопија од документ за лична идентификација (пасош или лична   карта);
  • Потврда дека кандидатот конкурирал на Мастер или Докторат (Кандидатите треба да презентираат потврда дека конкурирале или копија од остварена кореспонденција со францускиот универзитет. Стипендијата се активира после добивањето на официјален документ за прием);
  • Копија од последна диплома и уверение за положени испити
    (доколку оригиналите се на македонски или некој друг јазик, документите ќе треба да се достават со заверен  судски превод на француски јазик) ;
  • Една препорака од професор ;
    Писмо за мотивација во кое кандидатот  треба да ги изнесе своите видувања за начинот и конкретната примена на здобиените знаења од студирањето, после враќањето  во земјата ;
  • Потврда за познавање на француски јазик  (не е задолжителна, меѓутоа и дава дополнителна вредност на кандидатурата);
  • Биографија (Curriculum Vitae)
  • Една фотографија

Некомплетните барања нема да бидат разгледувани.

Критериуми за селекција :

Комисијата за доделување на стипендии ќе се раководи од повеќе критериуми, а особено од: досегашниот успех во студиите, мотивацијата на студентот, квалитетот, издржаноста и кохерентноста на планот за студии и професионалниот проект на студентот.

По извршената претселекција врз основа на документите, кандидатите ќе бидат повикани на разговор во Францускиот институт во Скопје (за студенти кои се во Франција, постои можност разговорот да се обави преку скајп).

Комисијата за доделување на стипендии ќе ги информира кандидатите за дефинитивната одлука во текот на месец јули 2019 година.

Комисијата за доделување на стипендии е суверена и нејзините одлуки се дефинитивни.

Целосната документација треба да биде на француски јазик, во два примерока и  треба да биде доставена во предвидениот  рок  во  Одделот на Кампус Франс, на адресата дадена подолу. Ниеден друг документ нема да биде примен после тој датум (освен потврдата за дефинитивниот прием).

За сите дополнителни информации, можете да се обратите во:

Одделот на Кампус Франс во Францускиот институт
Ул. Св. Кирил и Методиј, бр.48 П. Фах 388, 1000 Скопје
Тел: 02 / 3129 288

Лице за контакт : Г-ѓа Сузана Пешиќ : suzana.pesik@ifs.mk

Краен рок за пријавување : 10-ти мај 2019