Процедура за пријавување на магистерски труд
Процесот на пријавување, изработка и одбрана на магистерски труд се пропишани со статутот на УКИМ (членови 225 – 234).
Процедурата за пријавување на магистерски труд е накусо следнава:
- По освојувањето на најмалку 20 кредити, кандидатот, во договор со потенцијалниот ментор пополнува пријава за изработка на магистерски труд и истата потпишана од кандидатот и предложениот ментор се предава во студентска служба во 4 (четири) примероци. Пријавата со 50 денари административна такса се придружува со образложение за научната оправданост на темата, план за работа и преглед на литература и биографија на кандидатот секое во 3 (три) примерока.
- Откако Службата за студентски прашања ќе потврди дека се задоволени условите кандидатот да може да пријави магистерски труд, пријавата (со придружните документи) се проследува до Колегиумот на студиската програма, кој на своја седница ги разгледува пријавите.
- Колегиумот на студиската програма доставува мислење и список на одобрените пријави кои се проследуваат до Наставно-научниот совет на Факултетот.
- Наставно-научниот совет на Факултетот на своја седница на предлог на колегиумите ги потврдува темите и определува (потврдува) на ментор за изработка на магистерските работи.
- Насловот на прифатениот магистерски труд се објавува во Билтенот на Универзитетот и на веб-страницата на единицата, на македонски и на англиски јазик.
- По изработката на трудот, кандидатот доставува пет примероци од магистерскиот труд, со барање да му се формира комисија за одбрана. Комисијата ја формира ННС.
- Студентот е должен 7 дена пред седницата на ННС каде се разгледува извештајот за магистерскиот труд да достави 5 (пет) примерока од магистерскиот труд укоричени во тврд повез во Деканатот на ФЕИТ.
- Остатокот од процедурата е пропишан со членовите 229-234 од статутот на УКИМ и не се разликува од поранешната (за старите постдипломски студии).
Пријава за изработка на магистерски труд
Образложение за научната оправданост на темата, план за работа и преглед на литература
Мислење и список на одобрени пријави
Барање за формирање на комисија за одбрана
Барање за продолжување на рок за одбрана на магистерски труд