Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите СООПШТЕНИЕ за организирање дополнителна (двојна) сесија

СООПШТЕНИЕ за организирање дополнителна (двојна) сесија

С О О П Ш Т Е Н И Е

за организирање дополнителна (двојна) сесија


Наставно-научниот совет на ФЕИТ на седницата одржана на 18.12.2013 год., врз основа на член 45 од правилникот за внатрешните односи и работењето на ФЕИТ, донесе одлука за организирање дополнителна (двојна) сесија за предметите од летниот/парен семестар која ќе се одржи на 01.02.2014 год. (сабота).

Студентите можат да пријават само еден предмет кој го слушале во летниот семестар во учебната 2012/2013 и за истиот ги реализирале академските обврски (потпис и заверка на семестар).

Пријавувањето на испитот за дополнителната сесија, студентите можат да го реализираат на 29.01.2014 година на шалтерите од Службата за студентски прашања од 12:30 до 15:00 h со доставување: пријава за испит, уплата за административна такса од 50,00 ден (обврзно на уплатница) и уплатница од 1.200,00 ден. на факултетската жиро сметка (цел на дознака – дополнителна (двојна) сесија).

 

Скопје, 20.01.2014 год.

Служба за студентски прашања при ФЕИТ

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ