Соопштение за организирање дополнителна ден сесија
С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање дополнителна ден сесија
Согласно академскиот календар за учебната 2018/2019 година, дополнителната ден сесија за предметите од летниот/парен семестар ќе се одржи на 8.2.2019 година (петок).
Студентите можат да пријават само еден предмет кој го слушале во летниот семестар во учебната 2017/2018 и за истиот да ги имаат реализирано академските обврски (потпис и заверен семестар).
Пријавувањето на испитот за дополнителната ден сесија, студентите можат да го реализираат на 6.2.2019 година (среда) на шалтерите од Службата за студентски прашања од 12:30 до 14:30 часот со доставување: индекс, пријава за испит, уплата за административна такса од 50,00 ден (обврзно на уплатница) и уплатница од 1.200,00 денари на факултетската жиро сметка, со цел на дознака – дополнителна ден сесија.
Скопје, 28.1.2019 година
Служба за студентски прашања на ФЕИТ