СООПШТЕНИЕ за запишување зимски семестар во учебната 2013/2014 година
С О О П Ш Т Е Н И Е
за запишување зимски семестар во учебната 2013/2014 година, за студентите од прв циклус студии и апсолвентите запишани на додипломски студии по стара наставна програма (9 сем.)
Им се соопштува на студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје дека запишувањето на зимскиот семестар за студентите од прв циклус студии во учебната 2013/2014 година ќе се врши по електронски пат, преку адресите:
http://ssluzba.feit.ukim.edu.mk/, за студентите запишани заклучно со 2011/2012 уч. год. и www.iknow.ukim.edu.mk, за запишаните студенти од учебната 2012/2013 година, односно студентите кои студираат на новите студиски програми (2012 год.) и студенти кои преминале на истите.
Пријавувањето по електронски пат е задолжително за сите студенти, а доставувањето на комплетните документи ќе се врши на шалтерите од Службата за студентски прашања во периодот
од 5. IX до 11. IX 2013 година
од 12:30 до 15:00 часот
Во истиот период упис на семестар може да реализираат и апсолвентите запишани по стара наставна програма – 9 семестрален режим на студирање. Овие студенти уписот го вршат на шалтерите на службата за студентски прашања при ФЕИТ.
По истекот на овој рок, сите студенти и апсолвенти уписот на семестарот ќе можат да го извршат со молба и надомест од 500,00 ден.
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Потребни документи за запишување зимски семестар:
- Индекс
- Образец за запишување семестар (нов) со 50,00 ден. админ. такса;
- Статистички лист за учебната 2013/2014 год (шв-20);
- Интерен пријавен лист со предмети – истиот се пополнува и печати при електронското пријавување на http://ssluzba.feit.ukim.edu.mk/ односно www.iknow.ukim.edu.mk.
- Уплата за партиципација (државна или квота со кофинансирање) на жиро сметка на Факултетот (види „Финансиски обврски“, подолу од Соопштениево):
- Уплатница во износ од 1.300,00 на истата жиро сметката (на ФЕИТ), со Цел на дознака: Материјални трошоци. Овој износ се однесува за: тетратки за испити/колоквиуми 200,00 ден., обнова на книжен фонд 150,00 ден., солидарна одговорност 100,00 ден., колективно осигурување 100,00 ден., уверенија за редовност 100,00 ден. и материјали и опрема за лабораториски вежби и развој на компјутерска мрежа 650,00 ден.
- Уплатница за СПФЕИТ во износ од 100,00 ден. на жиро с-ка: 300000001036966, депонент: Комерцијална батка (уплатата се препорачува).
- Уплатница во износ од 750,00 ден. за Примач: УКИМ – за ИКСА, ФЕИТ, Банка: НБРМ, ж. с-ка: 100000000063095, сметка за буџетски корисник: 1600103689 788 18, приходна шифра: 723012 41,
- Потврда од библиотека дека студентот не е задолжен со книги.
- Студентите кои се запишани на Факултетот од генерацијата 2009/2010 до генерацијата 2011/2012 година треба да достават потврда за реализирана едномесечна пракса, заверена од компанијата каде е изведена праксата и потпишана од координаторот на студиската програма.
Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инф. технологии
Депонент: НБРМ
Tрезорска сметка: 100000000063095
Трезорска подсметка: 160010428678814
Повикување на број: 723019, програма 41
Цел на дознака: Партиципација за државна/кофинансирање за XY кредити
НАПОМЕНИ:
- Апсолвентите (студентите по стара наставна програма) за запишување на зимскиот семестар потребно е да ги приложат документите под реден број 1, 2, 3, 5 (види Финансиски обврски за апсолвенти), 6 (во износ од 550,00 ден.) и 9.
- Сите студенти кои во јуни не го завериле летниот семестар се должни заверката да ја извршат при уписот на зимскиот семестар. Овие студенти покрај горенаведените документи треба да достават семестрален лист (образец за заверка на семестар) со 50,00 ден. административна такса и уплатница за извршена уплата од 500,00 ден. на жиро-сметката на Факултетот со Цел на дознака: задоцнета заверка на семестар.
Запишување зимски семестар
(четиригодишни и тригодишни студии)
Дополнителни информации
Правила за запишување за студенти кои студираат по ЕКТС
- Секој студент што запишува зимски семестар е должен да изврши избор на предмети што ќе ги слуша во зимскиот семестар според следните правила:
- По правило студентот во секој семестар запишува предмети со вкупно 35 кредити;
- При запишувањето на семестарот студентот првин ги запишува неположените задолжителни предмети од претходниот зимски семестар, потоа изборни предмети од претходниот семестар (доколку не се претходно избрани односно положени), па задолжителни од наредниот и на крај изборни предмети од наредниот семестар.
- Студентите кои ќе сакаат да запишат поголем број кредити од 35 поднесуваат Барање за одобрување запишување поголем број кредити (во писмена форма, до Продеканот за настава на ФЕИТ, преку студентската архива на Факултетот). Условите за запишување на повеќе од 35 кредити се: положени предмети и освоени сите кредити од сите претходно запишани предмети и просечна оцена најмалку 8,5.
- При запишување на предметите потребно е да се исполнат предусловите дефинирани со предметните програми што се приложени во информациските пакети за секоја студиска година (види тука). За студентите запишани по старите наставни програми по ЕКТС (запишани студенти од учебната 2004/2005 до учебната 2011/2012) предусловите се препорачани.
Важни напомени за сите студенти што студираат по ЕКТС
- Сите студенти се должни да го достават интерниот пријавен лист испечатен од online пријавувањето. (Студентите кои немаат можност да го испечатат интерниот лист, тоа ќе можат да го направат во ФЛАОП).
- Студентите ќе може да ја посетуваат наставата само на предметите што им се одобрени од студентската служба, во паралелката и кај предметниот наставник според распределбата направена од деканатот на Факултетот што ќе биде објавена на огласните табли на Факултетот.
- Студентите кои запишуваат задолжителен предмет по 4-ти пат поминуваат во квота со кофинансирање.
НАПОМЕНИ:
При уписот на летниот семестар во учебната 2013/2014 год. согласно Законот за високо образование, студентите кои ќе запишат предмет по 3-ти пат ќе преминат во квота со кофинансирање.
Износ на партиципација за државна или квота со кофинансирање за РЕДОВНО запишаните студенти согласно цените на кредит по година на запишување, студиска програма и начин на студирање:
Година на запишување |
Студиска програма |
Начин на студирање |
Цена на кредит |
2004/05 до 2012/13 |
Сите |
Државна |
204,00 |
2004/05 |
Сите |
Кофинансирање |
408,00 |
2005/06 и 2006/07 |
ИКИ, ИНФО |
Кофинансирање |
510,00 |
КСИА, ТК, ЕРПС |
Кофинансирање |
408,00 |
|
ЕЕС,ЕЕиУ,ЕЕУ,КИЕЕ |
Кофинансирање |
310,00 |
|
2007/08 |
Сите освен ИНФО |
Кофинансирање |
612,00 |
ИНФО |
Кофинансирање |
510,00 |
|
2008/09 и 2009/10 |
Сите |
Кофинансирање |
612,00 |
2010/11 до 2012/13 |
Сите |
Кофинансирање |
408,00 |
Примери:
Ако студент во државна квота запишува 29 кредити, неговите финансиски обрски изнесуваат: 29 x 204,00 = 5.916,00 ден.
Студент во квота со кофинансирање што запишува 29 кредити, треба да уплати:
29 x 408,00= 11.832,00 ден.,
односно 29 х 510,00= 14.790,00 ден.,
односно 29 х 612,00= 17.748,00 ден.,
односно 29 х 310,00= 8.990,00 ден.
Упис на семестар на студенти кои се во завршен - последен семестар од студии по ЕКТС
- Студентите кои имаат пријавено дипломски труд и доколку истиот го одбранат до 15.09.2013 год., немаат обврска за запишување зимски семестар.
- Студентите кои пријавиле дипломски труд во летниот семестар и истиот не го одбранат до 15.09.2013 година должни се да запишат зимски семестар при што покрај потребните документи треба да приложат уплатница во износ од 200,00 денари на жиро сметка на Факултетот (осигурување, уверенија за редовност) и уплатница од 1000,00 ден. за административни трошоци на жиро сметка на Факултетотот.
- Студентите кои немаат пријавено дипломски труд, а очекуваат да ги положат сите испити заклучно со августовската испитна сесија, должни се да го запишат зимскиот семесар (во рокот за запишување на зисмкиот семестар), како последен семестар на студии при што го пријавуваат дипломскиот труд за кој уплаќаат 8 кредити изразено во денарска противредност, уплата од 200,00 денари на жиро сметка на Факултетот (осигурување, уверенија за редовсност).
Запишување апсолвентски семестар за студентите
по стара наставна програма (9 сем.)
Финансиски обврски
- Студентите апсолвенти во државна квота треба да достават уплатница од 2.230,00 ден. на жиро-сметка на Факултетот, со Цел на дознака: Партиципација.
Овој износ се однесува на:
- 1.230,00 денари за упис на семестар и
- 1.000,00 денари за повторувач.
- Студентите апсолвенти во квота со кофинансирање треба да достават уплатница од 3.460,00 ден. на жиро-сметка на Факултетот, со Цел на дознака: Партиципација.
Овој износ се однесува на:
- 2.460,00 денари за упис на семестар и
- 1.000,00 денари за повторувач.
- Студентите апсолвенти кои пријавиле дипломски труд и истиот нема да го одбранат до 15.09.2013 година должни се да запишат зимски семестар при што покрај потребните документи треба да приложат уплатница во износ од 200,00 денари на жиро сметка на Факултетот (осигурување и уверенија за редовност) и уплатница од 1000,00 ден. за административни трошоци на жиро сметка на Факултетотот.
Скопје, 30.08.2013 година
Од Деканатот на ФЕИТ - Скопје