Пријавување испити за јануарска испитна сесија - прв циклус студии
С О О П Ш Т Е Н И Е
- Пријавување испити – прв циклус студии -
- Пријавувањето испити од прв циклус студии за студентите за јануарска испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, стриктно во периодот од 8.1 до 15.1.2019 година, следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5 .
- Студенти запишани по стара наставна програма, запишани од учебната 2004/2005 до учебната 2011/2012 пријавите за испит ги доставуваат до предметните наставници во договорениот термин за испит.
Студентите што ќе извршат уредно електронско пријавување на испит во iKnow системот, задолжително треба да достават и комплетно пополнета хартиена пријава до предметниот наставник на самиот испит (во спротивно, предметниот наставник нема да дозволи полагање на испит).
Студентите што очекуваат испитот да го положат преку колоквиум, пријавата ја доставуваат на вториот колоквиум. Доколку испитот не се положи преку колоквиум, доставената пријава е со важност и за јануарската испитна сесија.
Пријавите треба да се уредно пополнети, при што задолжително се внесуваат податоците за студентот, цело име на предметот, предметниот наставник, испитен рок во кој се пријавува испитот, студиската програма (ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ, ТК, ИКИ,...).
Уплатата за административна такса се реализира со уплатница (задолжително захефтана на пријавата) или со СМС порака преку мобилен телефон, при што студентот задолжително сам го внесува бројот СМС кодот во iKnow системот, односно ја валидира уплатата на соодветното место. Исто така, бројот од СМС кодот се впишува и во хартиената пријава на определеното место.
НАПОМЕНА: По овој рок студентите може да пријават испит во Службата за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. најдоцна до два дена пред одржување на испитот.
Скопје, 27.12.2018 година ОД СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА