Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Презентација на Македонски Телеком

Презентација на Македонски Телеком

Објавено на 09.02.2018 година

makedonskitelekom.jpeg

 

Македонски Телеком е најголемиот оператор за електронски комуникации во земјата и е дел од глобалниот телекомуникациски лидер, Deutsche Telekom.

Ние како компанија имаме цел да им ги приближиме на своите корисници најновите светски достигнувања во областа на електронските комуникации.

Вие, студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии  сте идните  лидери во областа на телекомуникациите, затоа би сакале да се информираме  за вашите интереси, вештините кои ги поседувате и покрај професионалното и теоретско знаење,  да ви понудиме и практично работно искуство кое ќе ја зголеми можноста за вашето идно вработување.

Ќе ни биде чест да ве поканиме на настанот Digital Talents што го организираме заедно со ФЕИТ на 16.02.2018 година во 09:30 часот  во  Салата за презентации на Институтот за телекомуникации на ФЕИТ.

Планирани се и низа забавни активности во вид на прашања и одговори, а за најуспешниот студент, Македонски Телеком ќе додели мобилен телефон Huawei P10 Lite.

По завршување на настанот сите заинтересирани студенти треба да достават своја биографија на следнава мејл адреса sonja.kargova@telekom.mk (и CC до acerist@feit.ukim.edu.mk) со назнака “Digital Talents”.

Ние ќе ги избереме студентите кои се најсоодветни за нашиот проект, преку кој ќе стекнете дополнителни практични искуства и ќе ги развиете своите професионални вештини. Се надеваме дека ќе ве заинтересираме и ве очекуваме.

Со почит,

Македонски Телеком

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ