Известување за студентски маил сервер
Почитувани колеги,
Ве известуваме дека е пуштен во работа новиот студентски сервер за електронска пошта.
До серверот може да се пристапи преку веб-адресата https://smail.feit.ukim.edu.mk/
Електронските адреси се во форма <studiska_nasoka><broj_indeks>@feit.ukim.edu.mk, кај што <broj_indeks> е бројот на индексот без косата црта (на пример, студент запишан на насоката „Телекомуникации и информациско инженерство“ со број на индекс 26/2012 би имал адреса tkii262012@feit.ukim.edu.mk). Иницијалната лозинка е поставена да биде матичниот број на студентот, а студентите ќе можат да ја сменат преку веб- интерфејсот.
До серверот може исто така да се пристапи и преку разните достапни веб-клиенти (препорачуваме Mozzila Thunderbird). Поставувањата се следните:
pop3s: address:smail.feit.ukim.edu.mk port:995 enc-type:SSL
imaps: address:smail.feit.ukim.edu.mk port:993 enc-type:SSL
smtps: address:smail.feit.ukim.edu.mk port:587 enc-type:TLS
Со почит ФЛАОП