Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Пријавување испити – прв циклус студии

Пријавување испити – прв циклус студии

Објавено на 11.12.2017 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

-     Пријавување испити прв циклус студии -

  • Пријавувањето испити од прв циклус студии за студентите запишани од генерациите 2012/2013 до 2017/2018 и студенти што преминаа на истите за ЈАНУАРСКАТА (зимска/прва) испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, стриктно во периодот од 20.12 до 27.12.2017 година, следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5 (Прилог)
  • Пријавување на испити од прв циклус на студии (студенти запишани по старите наставни програми, запишани од учебната 2004/2005 до учебната 2011/2012) за јануарската испитна сесија ќе се врши од 18.12 до 25.12.2017 година во сандачињата до Службата за студентски прашања.

Студентите што ќе извршат уредно електронско пријавување на испит во iKnow системот, задолжително треба да достават и комплетно пополнета хартиена пријава до предметниот наставник на самиот испит/колоквиум (во спротивно, предметниот наставник нема да дозволи полагање на испит/колоквиум).

Уплатата за административна такса може да се реализира со уплатница (задолжително захефтана на пријавата) или со СМС порака преку мобилен телефон, при што студентот задолжително сам го внесува бројот од СМС кодот во iKnow системот, односно ја валидира уплатата на соодветното место. Исто така, бројот од СМС кодот се впишува и во хартиената пријава на определеното место.

Пријавите треба да се уредно пополнети, при што задолжително се внесуваат податоците за студентот, цело име на предметот, предметниот наставник, испитен рок во кој се пријавува испитот, студиската програма (ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ, ТК, ИКИ,...).

Студентите на старите студиски програми пријавувањето на испитите го вршат во определениот рок во сандачињата до Службата за студентски прашања и уплатата за административна такса задолжително е со уплатница која е захефтана на пријавата.

НАПОМЕНА: По роковите студентите може да пријават испит во Службата за студентски прашања со надомест од 400,00 ден., најдоцна до два дена пред одржување на испитот. Ненавременото доставување хартиена пријава до предметен наставник исто така се наплаќа 400,00 ден.

 

Скопје, 7.12.2017 година

ОД СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ