Лични алати
Пријави се

14 - Енергетска ефикасност, животна средина и одржлив развој (14-ЕСОР)

MK_flag.png UK_flag.png

Студиска програма: 14 - Енергетска ефикасност, животна средина и одржлив развој (14-ЕСОР)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршено прв циклус академски студии од областите на технички и природни науки на универзитети во земјава и во странство.

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа енергетска ефикасност, животна средина и обновлив развој

Целта на студиската програма е да се оспособи водечки високостручен инженерски кадар компетентен за истражување, развој, проектирање и примена на сложени интердисциплинарни проекти во областите на енергетска ефикасност, влијанието на електричната енергија врз животната околина и одржливиот развој.

Соодветно на тоа, кандидатите на оваа студиска програма ќе бидат оспособени за решавање на проблеми поврзани со унапредување на енергетската ефикасност и обезбедување на одржлива иднина. Ќе бидат оспособени и за применување на техниките за интегрирање на превентивните стратегиите при планирањето и развојот на индустриското производство, за намалување на причините за загадување на животната средина предизвикани од производните процеси и рационализација на потрошувачката на енергија и суровински материјали. Кандидатите ќе се здобијат со соодветна оспособеност за решавање на практични проблеми во сите домени на влијанието на електромагнетните полиња врз околината и соодветната заштитата, да ги применуваат соодветните протоколи за мерење на најважните параметри на животната и работната средина со посебен осврт на нејонизирачките зрачења, како и да ги применуваат регулативите во областа на животната средина и нејонизирачките зрачења на меѓународно и национално ниво.

Оваа студиска програма ќе придонесе кон унапредување на енергетската ефикасност во Република Македонија, особено во индустрискиот, транспортниот, резиденцијалниот, комерцијалниот и услужниот сектор, а магистрите по "Енергетска ефикасност, животна средина и одржлив развој" ќе придонесат во развојот на индустрискиот сектор, научно-истражувачката и наставната работа на Универзитетите.

Задолжителни предмет

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

ФЕИТ06009

Енергија и ефикасност за одржлива иднина

6

3+0+0+3

180

Факултетски изборен 1

6

3+0+0+3

180

Факултетски изборен 2

6

3+0+0+3

180

Факултетски изборен 3

6

3+0+0+3

180

Факултетски изборен 4

6

3+0+0+3

180

Вкупно

30

15+0+0+15

900

Изборни предмет

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

ФЕИТ06003

Еко-ефикасност и почисто производство

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ06014

Енергетска ефикасност на електротермиски постројки

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ06004

Електрични и хибридни возила

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ06008

Енергетска ефикасност во електромоторни погони

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ09005

Механизми за поддршка на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ00008

Енергија и климатски промени

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ04004

Еколошки и енергетски ефикасни технологии за производство на електрична енергија

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ02009

Заштеда на електрична енергија во домаќинствата и стопанството

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ02019

Управување на ЕЕУ и можности за подобрување на енергетската ефикасност

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ02007

Енергетски ефикасни електрични машини и трансформатори

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ08011

Материјали за складирање и конверзија на енергија

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ10006

Енергетски ефикасно омрежување

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ10007

ИКТ системи за енергетска ефикасност и одржлив развој 2

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ01001

Автоматизација на згради

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ06005

Електромагнетни влијанија

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ06007

Електромагнетно моделирање

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ06006

Електромагнетни полиња во околината и нивно мерење

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ06001

Био-ефекти на електричната енергија

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ06013

Регулатива во областа на животната средина

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ04007

Енергетски одржлив развој

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ03009

Мониторинг на животна и работна средина

6

3+0+0+3

180

Задолжителни предмети

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

ФЕИТ00

Магистерска работа

20

0+0+0+20

600

Изборни предмети

ФЕИТ14

Истражувачки проект од областа на енергетска ефикасност, животна средина и одржлив развој

6

0+0+0+6

180

Универзитетски изборен предмет

4

2+0+0+2

120

Вкупно

30

2+0+0+28

900