Лични алати
Пријави се

07 - Наменски компјутерски системи (07-НКС)

MK_flag.png UK_flag.png

Студиска програма: 07 - Наменски компјутерски системи (07-НКС)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршено прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа наменски компјутерски системи

Наменските и вградливите компјутерски системи претставуваат комбинација на хардвер и софтвер чија цел е да се контролира уред, процес или комплетен систем. Специфични примери на вакви системи се: контрола на речиси сите системи во автомобилите, контрола на работењето на автомобилските мотори, автоматски пилот, навигациони системи и системи за управување во авионите, чипсети кај дигитални телевизори, чипови кај комуникациските уреди, амбиентните уреди, контролни системи кај нуклеарните реактори, и слично. Значењето на овие системи расте континуирано. На пример: во 2010 година постоеле и во практична употреба биле над 16 милијарди вакви уреди во целиот свет, а предвидувањата прогнозираат дека бројот на овие уреди се очекува да се зголеми двојно до 2014 година. Со други зборови, за секој жител на планетава би постоеле по 3-4 вакви уреди. Забележителен е порастот на употреба на вакви системи во автомобилската индустрија, каде процентот на учество на наменски процесорски системи во вкупната вредност на автомобилот се очекува да порасне до 45-50% во 2013. Овие предизвици можат успешно да се следат и применуваат само со продуцирање нови генерации студенти, образувани во полето на наменски компјутерскии системи. Во прилог на постоењето на ваква студиска програма зборува и фактот што вкупниот пазар во ова подрачје во 2010 година изнесувал околу 20 милијарди УСД, со пораст од 10-15% на годишно ниво.

Вториот циклус на студии по Наменски компјутерски системи има за цел да образува врвни кадри во делот на проектирање, реализација и примена на комплетни хардверски и софтверски наменски системи во сите можни подрачја на примена. Кадрите што одовде ќе произлезат ќе бидат оспособени рамноправно да се носат на светско ниво со своите колеги, а во опредлени аспекти и да доминираат.

По завршувањето на оваа студиска програма кандидатите ќе можат:

  • да имплементираат проектни техники и за хардвер и за софтвер за наменски вградливи системи;
  • да проектираат и реализираат наменски вградливи компјутерски системи во целина – хардвер и софтвер;
  • да проектираат и реализираат наменски софтвер за постојни системи;
  • да проектираат и реализираат наменски хардвер за постојни системи;
  • да следат и активно да учествуваат и да ги подобруваат актуелните истражувања во ова подрачје;
  • да бидат оспособени за вклучување и водење на тимови во актуелни интердисциплинарни и специфични подрачја на примена.

Изборни предмети

Задолжително се избираат најмалку два од предложените предмети

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

ФЕИТ07011

Техники за дизајн на наменски компјутерски системи

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ07010

Софтвер за наменски компјутерски системи и мрежи

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ07003

Менаџмент во интелигентни информациони системи

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ07009

Проектирање со HDL

6

3+0+0+3

180

Се избираат најмногу три од предложените предмети

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

ФЕИТ07004

Моделирање и симулација – проценка на перформанси

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ07008

Пресметување во grid и облак

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ07015

Интернет за нешта

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ07002

Безбедност и надежност на компјутерско комуникациски системи

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ07001

Аспекти на ICT во интелигентни мрежи

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ07014

Технологии за складирање и обработка на податоци

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ07005

Мултимедиска графика и анимација

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ07007

Оперативни системи и драјвери

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ00027

Управување со ресурси и големи множества на податоци кај мрежи во реално време

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ06012

Пресметувања со високи перформанси

6

3+0+0+3

180

Задолжителни предмети

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

ФЕИТ00

Магистерска работа

20

0+0+0+20

600

Изборни предмети

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

ФЕИТ07

Истражувачки проект од областа на наменски компјутерски системи

6

0+0+0+6

180

Универзитетски изборен предмет

4

2+0+0+2

120

Вкупно

30

2+0+0+28

900