Лични алати
Пријави се

04-Електроенергетика (04-ЕЕ)

Студиска програма: 04-Електроенергетика (04-ЕЕ)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршено прв циклус на студии – академски (технички факултети или сродни студиски програми од земјава и странство).

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа електроенергетика

Развојот на една земја е во непосредна корелација со равојот на електроенергет­скиот сектор. Компаниите кои работат во оваа област сé повеќе се соочуваат со динамична работна околина, големи технолошки промени и работа на комплексни проекти.

Основна цел на овааа студиска програма е да произведе високоедуциран стручен кадар кој ќе има проширени стручни познавања од електроенергетика, кој ќе биде во чекор со примената на современата ИКТ во електроенергетскиот сектор и ќе биде способен да ги следи и применува најновите достигнувања во светот од областа на електроенергетиката. Студиската програма Електроенергетика на студентите ќе им овозможи проширени теоретски знаење во базичните области на електроенергетиката (производство на електрична енергија, разводни постројки и електроенергетска опрема) кое ќе можат  практично да го применат во решавањето на инженерските задачи и проблеми.

Студен­тите на оваа студиска програма ќе бидат оспособени за изработка на стратегии, анализи, студии и сложени проекти од областа на електро­енергетиката во новата пазарно-ориентирана околина, да вршат анализа на сложени процеси и оптимално водење на погонот на електричните централи, како и да проектираат електро­енергетски објекти и системи за нивно управување.

Исто така, студентите на оваа студиска програма ќе се стекнат со знаење и вештини за водење на сложени проекти во електро­енер­гетиката, примена на мерките за електро­без­бедност и заштита на електроенергетските постројки, како и знаење за тековното одржување и испиту­ва­ње на опремата во електроенергетските објекти. Студентите ќе бидат способни и за корис­тење на совре­мени софтверски алатки и новите информатичко-комуникациски технологии во областа на електроенергетиката.

Студиите ќе им овозможат на студентите и понатамошно сопствено неформално образование од областа на Електроенергетиката (преку курсеви, обуки и семинари), како и продолжување на своето формално образование на трет циклус на докторски студии.

Задолжителни предмети

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

ФЕИТ04024

Управувачка техника во електроенергетски системи

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ04018

Проектирање и моделирање на електрични централи и разводни постројки

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ04005

Енергетика и околина

6

3+0+0+3

180

Факултетски изборен 1

6

3+0+0+3

180

Факултетски изборен 2

6

3+0+0+3

180

Вкупно

30

15+0+0+15

900

Изборни предмети

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

ФЕИТ00021

Современи системи на релејна заштита

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ04026

Планирање на развој на производните капацитети во ЕЕС

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ04008

Заземјување, заштитни мерки и безбедност во електроенергетски постројки

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ04010

Мали хидроелектрични централи

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ04023

Техноекономски аспекти и интеграција на обновливите извори на електрична енергија во ЕЕС

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ04007

Енергетски одржлив развој

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ04009

Оптимална работа на изворите во ЕЕС

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ04014

Методи за оптимизација во енергетиката

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ04015

Особености на обновливи извори на енергија

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ04022

Соларен електрицитет

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ04006

Енергетски аспекти на ветерни електрични централи

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ04003

Дијагностика и корективни мерки во електроенергетски постројки

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ04013

Менаџмент на ризик во електроенергетиката

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ04002

Водење во проекти менаџмент и претприемништво

6

3+0+0+3

180

Задолжителни предмети

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

ФЕИТ00

Магистерска работа

20

0+0+0+20

600

Изборни предмети

ФЕИТ04

Истражувачки проект од областа на електроенергетиката

6

0+0+0+6

180

Универзитетски изборен предмет

4

2+0+0+2

120

Вкупно

30

2+0+0+28

900