Лични алати
Пријави се

02-Електрични машини и автоматизација (02-ЕМА)

MK_flag.png UK_flag.png

Студиска програма: 02-Електрични машини и автоматизација (02-ЕМА)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршено прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа електрични машини и автоматизација

Целта на студиската програма е обука на кадри во согласност со потребите на модерната индустрија и електроенергетскиот сектор. Студиската програма е концепирана  врз основа на критериуми за квалитет на наставата на ниво на Универзитетот. Таа содржи фундаментални дисциплини од областа на ЕМА, дополнети со нови истражувања и сознанија, но и низа нови дисциплини кои се развиени во согласност со современите научни сознанија. Студиската програма е конципирана на начин кој овозможува стекнување на знаења и компетенции неопходни за магистер од оваа област, кои што ќе претставуваат основа за понатамошно образование и следење на технолошкиот развој.

Студиската програма е развиена во согласност со критеримите, задачите и целите на ФЕИТ за задржување на високи стандарди во образување квалитетни кадри. Оваа студиска програма е конципирана врз искуството во изведувањето на наставата на слични студиски програми во минатото, од нивното постојано унапредување и од континуираната соработка со стопанството.

Предложената студиска програма вклучува широки познавања од ЕМА со што студентите ќе се здобијат со знаења од областа на електричните машини, нивното проектирање, можностите за управување и примената на современи техники на регулација на брзината, моментот, факторот на моќност и други параметри. Исто така студентите ќе се оспособат за правилна експлоатација на автоматизираните погони, како и нивното  одржување.

Студиската програма ќе овозможи создавање кадри кои по магистрирањето ќе станат дел од електроенергетската индустрија, пред се во рамките на компаниите кои произведуваат и проектираат електрични машини и трансформатори, но и во компаниите за производство пренос, и дистрибуција на електрична енергија.

Исто така, по магистрирањето на оваа студиска програма, постои можност за работа во јавната администрација чии што функции се поврзани со припрема на законска регулатива поврзана со енергетска ефикасност во проектирањето и користењето на електричните машини, но и во консултантски, проектантски и производни компании. Сегашните состојби во индустријата и електроенергетските компании укажуваат на постојана потреба од квалитетни кадри способни активно да се вклучат во инжинерската пракса, но и да одговорат на различните барањата на компаниите. Приватизацијата, модернизацијата, реструктуирањето и промените во индустријата и електроенергетскиот сектор кои што се одвиваа во изминатиот период покажуваат дека квалитетните инженерски кадри се основниот двигател на компаниите и клучот за развојот и иновациите.

Задолжителни предмети

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

Факултетски изборен 1

6

3+0+0+3

180

Факултетски изборен 2

6

3+0+0+3

180

Факултетски изборен 3

6

3+0+0+3

180

Факултетски изборен 4

6

3+0+0+3

180

Факултетски изборен 5

6

3+0+0+3

180

Вкупно

30

15+0+0+15

900

Изборни предмети

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

ФЕИТ02001

Векторско управување на машини за наизменична струја

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ02002

Дигитална расклопна техника и заштита на електрични машини и трансформатори

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ02004

Дијагностика и мониторинг на електрични машини

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ06004

Динамика на електромоторни погони

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ02005

Електрични машини во системи за обновливи извори на енергија

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ06010

Заштита на електромоторни погони

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ02011

Компјутерско моделирање и анализа на електрични машини

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ02013

Методи за испитување на електрични машини

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ00014

Методи за пресметка на елетромагнетните полиња во електрични машини, трансформатори и апарати

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ02014

Напредни методи за проектирање на електрични машини, трансформатори и апарати

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ02015

Одбрани поглавја на енергетски преобразувачи

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ01004

Вмрежени системи за управување и управување во реално време

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ02018

Специјални електрични машини и нивно управување

6

3+0+0+3

180

Задолжителни предмети

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

ФЕИТ00

Магистерска работа

20

0+0+0+20

600

Изборни предмети

ФЕИТ02

Истражувачки проект од областа на електрични машини и автоматизацијата

6

0+0+0+6

180

Универзитетски изборен предмет

4

2+0+0+2

120

Вкупно

30

2+0+0+28

900