Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Институти Електрични мерења и електротехнички материјали

Електрични мерења и електротехнички материјали

Институтот за електрични мерења и материјали (ИЕМЕМ) својата дејност ја започнува во далечната 1959 година како катедра за електрични мерења на електро-машинскиот оддел при Tехничкиот факултет во Скопје.

Денес Институтот својата активност ја реализира преку: едукативна, научно-истражувачка и апликативна дејност во рамките на ФЕИТ-Скопје.

Во рамките на едукативната дејност Институтот ги негува следните дисциплини на додипломските студии:
  • мерења во електротехника
  • основи на мерна техника
  • мерења во електроенергетика
  • електрични мерења на неелектрични величини
  • материјали во електрониката
  • микросетила и мерни системи
  • електрични мерења во електроенергетски уреди
  • сетила и обработка на мерни сигнали
  • мерења во телекомуникации
  • компјутеризирани мерења
  • процесни мерења и материјали во електрониката
  • принципи на управување со квалитет

Во рамките на постдипломските студии на ФЕИТ, ИЕМЕМ е носител на студиската програма Метрологија и менаџмент на квалитет. Преку изборните предмети постдипломците имаат можност да се насочуваат и специјализираат во различните области на метрологијата.

Во рамките на научно – истражувачката дејност Институтот работи на повеќе проекти од областа на мерната техника. Досега се реализирани поголем број на меѓународни проекти, како неодамна завршениот ТЕМПУС проект “Воведување на двостепени студии во метрологија”, билатералниот проект “Истражување  на потенцијалот на ветрова енергија во РМ”, финансиран од Норвешката Влада, како и проекти финансирани од Министерството за образование и наука на РМ и други стопански субјекти.

Научно-истражувачкиот кадар на Институтот учествува со свои трудови на голем број меѓународни и домашни конференции, симпозиуми и советувања. ИЕМЕМ има развиено долгогодишна соработка со субјектите од индуструјата во решавањето на стручни проблеми.

Досега се реализирани поголем број на меѓународни проекти, како неодамна завршениот ТЕМПУС проект “Воведување на двостепени студии во метрологија” (http://tempus-19010.feit.ukim.edu.mk).

Постои долгогодишна соработка со компаниите од енергетскиот сектор во проблематиката на мерења на параметрите на големите заземјувачки системи и мерењето на изнесените потенцијали. Со телекомуникацискиот сектор се соработува во изработка на студии за одредување на безопасни зони во близина на електроенергетски постројки. Постои соработка со повеќе компании во решавањето на проблемите поврзани со катодната заштита. Соработка со Министерството за одбрана во развој на електронски мерни уреди за мерење на радиоактивно зрачење и електронски дозиметри. За бројни стопански субјекти се врши калибрација на мерни инструменти. Во соработка со ЕМО А.Д од Охрид проектирани се и изработени нови производи за нивната производна програма, а за потербите на А.Д. рафинерија ОКТА изработен е систем за калибрација на автоцистерни и подвижни резервоари. Во Институтот се вршат испитувања на квалитетите на електротехничките материјали, антистатички својства, квалитет на изолација, итн.

Наведените дејности Институтот ги реализира во лабораторијата за електрични мерења и овластената метролошка лабораторија за електромагнетни големини.

Лабораторијата за електрични мерења и материјали
е опремена со соодветна опрема за изведување на лабораториски вежби и научно истражувачка работа, како емулатори за програмирање на микроконтролери, системи за аквизиција на податоци, програмабилна инструментација и друга мерна опрема.

Овластената метролошка лабораторија
е опремена со еталон – калибратор FLUKE 5500A, еталон за еднонасочен напон FLUKE 732A Reference Standard, делител на напон FLUKE и професионални мерни мостови, еталони за отпор и други еталони. Лабораторијата има метролошка следливост до примарните светски метролошки лаборатории, што се постигнува по пат на меѓународни лабораториски компарации.

Институтот за електрични мерења и материјали има развиено богата меѓународна научна соработка со Техничкиот Универзитет во Делфт, Холандија, АГХ Универзитетот во Краков, Полска, Техничкиот Универзитет во Илменау, Германија, Physikalisch-Technische Bundesansalt во Брауншвајг, Германија, Napier Универзитетот во Единбург, Шкотска, Техничкиот Универзитет во Виена, Австрија, Факултетот за електроника и технологии на Техничкиот Универзитет во Софија, Р.Бугарија, Електронскиот Факултет во Ниш, Србија, Факултетот за електротехника и информатика од Марибор, Словенија, Факултетот за електротехника и информатика од Загреб, Хрватска.

Членови на Институтот за електрични мерења и материјали се:

Раководител на Институтот
В. проф. д-р Владимир Димчев
e-mail: vladim@etf.ukim.edu.mk

Раководител на лабораторијата
Проф. д-р Љупчо Арсов
e-mail: ljarsov@feit.ukim.edu.mk

Раководител на постдипломските студии
"Метрологија и менаџмент на квалитет”
Проф. д-р Цветан Гавровски
e-mail: cvetang@feit.ukim.edu.mk

Доц. д-р Марија Чундева – Блајер
e-mail: mcundeva@feit.ukim.edu.mk

Помлад асистент м-р Маре Србиновска
e-mail: mares@feit.ukim.edu.mk

Виш тех.сор. Љубисав Глишиќ
e-mail: bise@feit.ukim.edu.mk

Работни места во мирување:
Проф. д-р Благој Ханџиски
Пом. ассист. Радмила Шекеринска

Адреса:
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Скопје
Факултет за електротехника и информациски технологии
Институт за електрични мерења и материјали
Карпош 2, б.б., П.фах 574
1000 СКОПЈЕ, Р.МАКЕДОНИЈА
Тел:            +38923099110


Лабораторија за електрични мерења и електротехнички материјали


Овластена метролошка лабораторија за електромагнетни големини


Дел од мерната инструментација


Курсеви кои ги сервисира ИЕМЕМ според новите студиски програми:

» Микросетила и мерни системи

» Основи на мерна техника

» Мерења во електротехниката

» Електрични мерења во ЕЕУ

» Мерења во електротехниката

» Мерења во електроенергетиката

» Мерења во електротехниката

» Мерења во електроиндустријата

» Мерења во електроенергетика

» Мерења во електротехниката

» Основи на мерната техника

» Основи на мерна техника

» Материјали во електрониката на почеток

Мерења во електротехниката
Предавања 2010-2011
Проф. д-р Благој Ханџиски

Презентација на ФЕИТ

Prezentacija_na_FEITdekemvri2017_m.jpg

ISO 9001:2008

Соопштенија

RoboMac_Logobezgodina.jpg


erasmus.png

Календар
јуни
јуни 2021 »
повтсрчепесане
123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930